Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) по препорака на Европската комисија му предложи на Македонски телеком да ја изедначи месечната претплата за фиксна телефонија што им ја наплатува на своите корисници, односно и домаќинствата и фирмите да плаќаат по 399 денари. Тоа ќе претставува двојно намалување на претплатата на бизнис-корисниците, која сега изнесува 699 денари и ќе почне да се применува од 1 октомври 2012 година. Барањето за изедначување на претплатата произлезе од анализата на пазарите за резиденцијални и за деловни корисници на фиксната телефонија во земјава, што ја направи АЕК, и во основа покажа дека иста услуга им се обезбедува и на едните и на другите и затоа и цената треба да биде иста.
Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) по препорака на Европската комисија му предложи на Македонски телеком да ја изедначи месечната претплата за фиксна телефонија што им ја наплатува на своите корисници, односно и домаќинствата и фирмите да плаќаат по 399 денари.
Тоа ќе претставува двојно намалување на претплатата на бизнис-корисниците, која сега изнесува 699 денари и ќе почне да се применува од 1 октомври 2012 година.
Барањето за изедначување на претплатата произлезе од анализата на пазарите за резиденцијални и за деловни корисници на фиксната телефонија во земјава, што ја направи АЕК, и во основа покажа дека иста услуга им се обезбедува и на едните и на другите и затоа и цената треба да биде иста.
Ова е прв пат од приватизацијата на Телекомот во 2001 година до денес едно регулаторно тело во земјава да влијае на цените на месечната телефонска претплата што ги наплаќа најголемиот фиксен оператор, а кој како доминантен оператор е под контрола на АЕК. Од Агенцијата немаат надлежност да влијаат или да побараат корекции на цените на услугите или на месечната претплата на другите оператори што нудат фиксна телефонија во земјава (ОНЕ или кабелските), бидејќи не се оператори со значителна пазарна моќ во тој сегмент, но очекуваат дека и тие ќе ги коригираат цените на месечната претплата.
Во изминатиот период познато е дрка покрај фирмите и граѓаните реагираа дека премногу е скапа месечната претплата за фиксен телефон, поради што бараа таа или да се укине или да може да се користи за одредена минутажа на телефонски разговори. Од АЕК објаснуваат дека нема потреба да се интервенира кај месечната претплата за граѓаните, бидејќи пазарот е либерализиран и може да се води конкурентска трка за корисници со различните цени што ги нудат операторите.
- Висината на претплатата операторот ја утврдува врз основа на трошоците што ги има за поврзување и за одржување на телекомуникациската мрежа. И секаде во регионот и во Европа операторите наплатуваат месечна претплата, бидејќи имаат такви трошоци - истакнуваат од АЕК.
Најскапа месечна претплата за фиксна телефонија се плаќа во Хрватска - 10,1 евро, во Косово таа е 8 евра, Турција - 7, Македонија - 6,5 евра, Црна Гора - 6, Босна - 4,9, Србија - 2,6, додека најевтина е месечната претплата во Албанија 2,3 евра.